Радио Милева

Ивана Петерес на работ на егзистенција: „Немам од што да живеам, немам скршен денар“

Ивана Петерес на работ на егзистенција: „Немам од што да живеам, немам скршен денар“
фото: принтскрин

Од самиот почеток на пандемијата со коронавирусот, припадниците на српската сцена се повеќе често зборуваат дека тие се во најголем финасиски проблем бидејќи освен пеењето немаат друга професија.

Откако јавно се огласи Гоца Тржан истакнувајќи дека пејачите и музичарите немаат од што да живеат, набрзо се огласи и Ивана Петерс која вели дека е во финасиски проблем.

„Тоа е единствен приход кој го имам во животот. Ништо друго не работам. Само сум пејачка. Се хранам себе и своето дете и членовите на семејството на кои им е потребана мојата помош. Ми недостига работата бидејќи тоа е моја љубов. Потполно се изгубив себе и не знам што ќе правам ако не најдам некој начин да заработам“ вели Ивана и додава дека во најголем проблем се оние кои не се големи ѕвезди.

фото: ата имагес

„Се’ ова што се случува најмногу влијае на музичарите кои не се големи ѕвезди и кои немаат кариера од 50 години како што се Здравко Чолиќ, Лепа Брена. Јас навистина не успеав да заработам како нив“ вели пејачката.

Таа додава дека не се точни гласинините дека заработува илјада и илјада евра.

„Тоа не е точно. Не заработуваат сите толку. Тоа мора да се разбере. Немаат сите исти приходи“.

Поп пејачката вели дека многу си ја сака работата и дека може да држи бесплатни концерти, но сега не може бидејќи нема приходи.

„Ние дури го откажавме концертот „Негатива“ кој требаше да биде на отворено, го поместивме за септември затоа што чувствуваме потреба да ја разбудиме свеста луѓето да се грижат за себе и своите луѓе. Не сакам некој да се појави без маска и да зарази друг. Јас може да пејам џабе, но јас едноставно немам од што да живеам. Тоа е лично мој проблем, моја работа. Луѓето мора да сфатат дека тоа што ние сме на телевизија и сме познати не значи дека одиме некаде преку ред и добиваме работи на убави очи туку исклучиво на нашиот труд“ вели пејачката.

фото: ата имагес

Во последно време многу пејачи на социјалните мрежи промовираат одредени производи и тоа им е основен извор на приход.

Меѓутоа, Ивана вели дека неа никој не ја сака.

„Јас немам доволно следбеници, така да луѓето не ме бираат мене и не сум им интересна да се рекламираат кај мене. Секако дека би работела, зошто да не. Ситуацијата е таква што луѓето мора да се снаоѓаат. Се надевам дека брзо ќе дојде крај на ова, па полека да се вратиме….“ вели Петерс и додава дека нема заштеда за „црни денови“.

Останати вести од Радио Милева