Во овие тешки времиња, ретки се изведувачите кои работат, се трудат и вложуваат во својата кариера, a Иван Јованов е еден од ретките.
Фронтменот на групата „Либеро бенд“ го извади својот Џокер. Станува збор за ново музичко име на македонската музичка сцена, кој го крие идентитетот од јавноста и токму поради тоа носи маска.
„Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, тој внимателно се труди да го сочува својот идентитет, а ние ќе му помогнеме во истото. Со Џокер веќе работиме подолго време, подготвивме три проекти кои едвај чекаме да и ги презентираме на јавноста“ – вели Иван Јованов.
Иван, заедно со неговиот колега Дејан Стојановиќ, без никакви ограни;увања во правецот кој го третираат, одлучија да направат нешто ново, односно заеднички да отворат музичката продукција под наслов „ID PRODUCTION“. Понесен од познатата максима дека „нема бизнис како шобизнис“, Јованов во периодот кој што следуванајавува многу новитети. Нова песна со „Либеро бенд“, нова песна на Никола, како и многу нови проекти со Џокер. И како што вели тој, ова е само почеток!
Оттаму се наметнува и прашањето дали освен „џокерот“, новопоечениот извршен продуцент Иван Јованов ќе извади уште некој „ас“ или можеби „дама“од ракавот? Поточно, дали освен што заврши во неговите љубовни прегратки, младата македонска пејачка Антониа Гиговска ќе заврши и како прв женски ексклузивец во неговата новоотворена продукција? Ќе има ли соработка меѓу нив двајцата, па освен што ги „мешаат“ емоциитеи страстите, ќе ги измешаат, односно спојат и гласовите во еден заеднички дует?
Освен… ако зад ликот на Џокер, поточно зад маската, не се крие самата Антониа?