Радио Милева
само подарок или...

Ива Гргуриќ се верила?! Старлетата се пофали со скап прстен и крена голема „прашина“ (фото)

Ива Гргуриќ се верила?! Старлетата се пофали со скап прстен и крена голема „прашина“ (фото)

Победничката на Задруга 3 Ива Гргуриќ на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм им се пофали со скапо парче накит од реномиран бренд.

Имено, Ива се огласи на Инстаграм од Венеција и покажа каков подарок добила, а сите се прашуваат дали се работи за веренички прстен, како и кој е мистериозниот избраник на атрактивната задругарка од кој би можела да добие толку скап подарок.

– Многу емотивна работа.  Раскажува приказната за личноста која ја носи – напиша Ива во описот на фотографиите кои ги објави.

Дали Ива се верила или тоа било само подарок, останува да видиме…

Да потсетиме, јавноста знае само за неколку емотивни врски на Гргуриќ, а она што и сега се памети е врската со Филип Ѓукиќ која ја започна додека беше дел од реалното шоу и за онаа за која се зборуваше додека беше во реалното шоу, со Маринко Звока.

Фото:Принскрин/Инстагарм/Ива Гргуриќ

Останати вести од Радио Милева