Победничката на последната сезона од реалното шоу „Задруга 3“, Ива Гргуриќ, има проблем на социјалните мрежи со кои се соочиле многу јавни личности. Имено, нејзиниот профил на „Инстаграм“ беше хакиран. Покрај тоа, сите споделени фотографии и постови биле избришани од тој профил, а таа остана и без повеќе од 50.000 следбеници.
Погледнете како изгледа сега хакираниот профил на Ива…
Патем, слични ситуации доживеале многу јавни личности во регионот, па и Македонија. Хакерите тогаш тој хакиран профил би го продале на некој на кој би му требал заради бројот на следбениците, а во наредните денови ќе видиме дали Ива ќе може да го врати профилот под нејзина контрола.