Сите очекуваа да ја видат Ива Гргуриќ во новата сезона на „Задруга“, но тоа не се случи.
Ива беше многу мистериозна кога беше во прашање нејзиното влегување, а сега објасни дека и онака ништо нема да се случи и дека не помислува повторно да биде учесник во реалното шоу.
Ива се вклучи во живо преку Инстаграм и откри дека никогаш не било ни планирано да влезе.
– Не ми се верува дека мислите дека навистина би влегла таму. Намерно ве оставив малку да размислите, но доста е сега. Никогаш не би се вратила меѓу тие ѓубриња. Секој што ме познава знае дека е така – истакна Ива, а потоа откри зошто го раскинала договорот и престанала да работи на програмата на Пинк.
– Едноставно не можевме да се договориме и толку – кратко објасни Гргуриќ.
Фото:принтскрин/Инстагра/Ива Гргуриќ/Пинк