Радио Милева

Итно префрлен во болница со хеликоптер: Откако му изгоре куќата, Џерард Батлер го снајде нов малер

Итно префрлен во болница со хеликоптер: Откако му изгоре куќата, Џерард Батлер го снајде нов малер

Ѕвездата од филмовите “Лара Крофт” и култниот”300″, Џерард Батлер, е во болница во Санто Доминго, каде што замина на одмор.

Шкотскиот актер, наводно, претрпел тешки болки во стомакот цели 72 часа, по што тој бил пренесен во болница во главниот град на Доминиканската Република со хеликоптер.

Лекарите најпрво се сомневале на воспаление на дебелото црево, но по испитувањето откриле дека Батлер страда од диверсулитис, воспаление или инфекција што се појавува по внатрешниот ѕид на дебелото црево.

Батлер добил терапија и се очекува да ја напушти болницата наскоро.

Инаку, ова не е прв пат Жерар да заврши во болница, тој беше повреден кога падна од моторот, ја скрши ногата, раката … па се обиде со терапија со змии …

По пожарот во кој го изгубил својот дом во Калифорнија и стресот што го преживеа, Џерард сакал да се одмори, но не му тргна од рака.

фото:GULIVER/GETTY…

To top