Италијанската група „Монескин“ победи на Евровизија 2021 која се одржа во Ротердам, Холандија.
На финалната вечер која се одржа под мерки за заштита од корона вирус, настапуваа 26 земји, а Италија го освои првото место.
Српската група „Хурикејн“ со нумерата „Loco loco“ се најде на 15-тото место.
Швајцарија е на второто место, а Франција го освои третото место.жОна што беше изненадувачки е што четири држави првпат во историјата добија 0 поени.
Имено, Велика Британија која секогаш се жали за своите лоши резулати на Евросонг, оваа година освои 0 бодови од жирито и публиката.
Германија, Холандија и Шпанија исто така не добија ниту еден поен.
Потсетуваме, македонскиот претставник Васил Гарванлиев настапуваше во првата полуфинланата вечер, но не се пласираше во финалето.