Мегафон

„Исток“ – гала новогодишен концерт на оркестарот на Македонската филхармонија

„Исток“ – гала новогодишен концерт на оркестарот на  Македонската филхармонија

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот новогодишен гала концерт насловен „Исток“ (арх.-извор). Диригент е Миријан Кукунаишвили (Грузија), а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска (Македонија/Австрија) и баритонот Иван Наумовски (Македонија/Австрија).

На програмата се дела кои имаат типично „новогодишен“ концепт, а валцерот како музичка форма ќе биде составен дел од овој концерт. Публиката ќе има моженост да чуе дела од Штраус, Чајковски, Лехар, Лумбије, но и посовремени музички толкувања на темата валцер како „Валцерот на Амелија“ на Јан Тирсен од филмот „Чудесната судбина на Амели Пулен“, „ Маскарада валс“ на Арам Хачатуријан, „Валцер за збогување“ на Алфред Шнитке и др.

Програма:

П.И. Чајковски : „Валцерот на цвеќињата“
Ј. Штраус II: „Мојот господар Маркиз“ арија од операта „Лилјакот“– сопран соло: Милена Арсовска
Ј. Штраус II: „Рози од југот“
К. Милокер:„Темно црвени рози“ – баритон соло: Иван Наумовски
Р. Штолц: „Ти си единствената/единствениот на овој свет“- дует: Милена Арсовска и Иван Наумовски
E. Дога: „Грамофон валс“
А. Шнитке: „Валцер за збогување“ од симфониската поема „Приказна на непознатиот актер“
Ј. Тирсен: „Валцерот на Амелија“
Р. Штолц: „Се заљубив илјада пати, но секогаш во истата“ – баритон соло: Иван Наумовски
Д. Шостакович: „Валцер“ бр. 2
A. Хачатуријан: „Маскарада валс“
Ф. Лехар: „Моите усни бакнуваат топло“ – сопран соло: Милена Арсовска
Ф. Лехар: „Тивки усни“ – дует: Милена Арсовска и Иван Наумовски
Ј. Штраус II: „Виенска крв“ – дует: Милена Арсовска и Иван Наумовски
Х.К. Лумбије: „Шампањ галоп“

To top