Радио Милева

Иста е како Емина: Ова е новата девојка на Мустафа Сандал? (фото)

Иста е како Емина: Ова е новата девојка на Мустафа Сандал? (фото)

Мустафа Сандал пред неколку дена на социјалните мрежи објави фотографија на која позира заедно со таинствена дама на која и се гледа дел од лицето. Фотографијата беше многу коментирана, па по некое време Мустафа ја избриша.

По објавата фановите започнаа да го истражуваат идентитетот на таинствената дама, па по неколку анализи и споредувања заклучиле дека станува збор за актерката и манекенка Џерен Хиндистан.

За потсетување, Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се разведоа оваа година, а заедно имаат две деца.

To top