Гласот на Дивна Карлеуша што слушателите го слушаа на Радио Белград прослави многу ѕвезди, а за нејзините човечки дела често се зборуваше, иако таа не сакаше да ги потенцира.
Имено, Зорка Ј. ексклузивно за српски Ало раскажала како Дивна Карлеуша и го променила од корен животот во доцните осумдесетти години.
Зорка тогаш била млада мајка и имала ќерка со сопругот. Тие се бореле за секој динар, како и сите луѓе од тогашната наша земја. Таа одлучила да се обиде да води сопствен бизнис, иако знаела дека тоа е „меч со две острици“. Тие биле подготвени да го направат тоа иако не било лесно, но сепак се осмелиле и отвориле цвеќарница.
„Работата беше лоша, не бевме среќни, но не се откажавме. Знаевме дека рекламирањето на Радио Белград беше единственото решение во моментот, но потребни ни беа многу пари“ – раскажува Зорка.
Во таа 1989 година успеале да заштедат пари за рекламирање, што беше неопходно за сите приватни компании кои сакаат да постигнат одреден успех.
По препорака на еден пријател, тие го контактирале уредникот Звонимир Шимунец кои ги поврзал со радио-презентерот Дивна Карлеуша.
“Потребно беше време да заштедиме доволно пари, за да можеме да ја платиме рекламата на радио. Сепак, по рекламата со гласот на Дивна, во нашата цвеќарница, се’ се смени. По првите реклами, бизнисот процвета. Толу се зголеми работата што низ дуќанот едвај поминувавме од муштерии. Моравме да вработиме повеќе работници за да ни помогнат, бидејќи сами веќе не можевме да постигнеме. Едноставно, ни се случи вистински бум и нашиот живот од корен се промени“ – со насмевка на лицето се потсетува Зорка.
“Имавме толку многу работа и заработивме толку многу пари што по само две недели успеавме да купиме пристоен автомобил” – тврди Зорка за српскиот портал Ало.рс.
Оваа дама е горда на Дивна, која можеби несвесно и го променила нејзиниот живот од корен.
Исповедта на Зорка не е единствената работа што Дивна ја направила за другите. Таа, исто така, и завршила голема работа на Цеца Ражнатовиќ, за што дури и била суспендирана од работното место.
Извор: Ало.рс