По една година од смртта на Шабан Шаулиќ, Гордана Шаулиќ првпат проговори и откри како изгледала годината без човекот со кој помина повеќе од 40 години.
Во што пронаоаѓате утеха и мир?
„Не пронајдов утеха и сигурна сум дека никогаш нема д аја пронајдам. Премногу тага, болка и недостигање. Голема е празнината по неговото заминување за да нешто ја исполни. Повеќе од 4 децении мојот живот се вртеше околку Шабан. Ние бевме партнери во се, од бракот, преку воспитувањето на децата, па се до работата, концертите, песните. И тогаш, едно утро се тоа исчезна. Не знам како да опишам, тоа е шок, тоа чувство на празнина, тага и немоќ. Како некој да ви го земе целиот воздух и да ве остави да се обидете да живеете без него. Навистина имав чувство дека од почеток морам да учам да дишам, да одам, да зборувам. Во тие моменти мора да ставите одбранбен механизам за да преживеете. И јас одбрав да верувам дека тој не си замина. За мене тој е на пат и еден ден ќе се врати. Токму тоа и поддршката од семејството ми дадоа сила да станувам секое утро и да чекам кога повторно ќе се сретнеме“ вели Гоца.
Шаулиќ раскажа како и изгледал нивната последна средба.
„Станав пред него, го разбудив и тој дојде во дневната соба, појадуваше, пиеше кафе и читаше весници. За тоа време јас проверив дали се спакувал, му подготвив облека што да облече, го потсетив да ги земе лековите и цигарите. Седевме и разговараме за плановите за следниот период. Се беше како порано. Се бакнавме, го испратив и последна слика на која се сеќавам е како го става качкетот и излегува на капијата“ раскажува сопругата на пејачот.
На прашањето како би реагирала доколку се сретне Асин Левент, човекот кој ја предизвика сообраќајната несреќа, Шаулиќ вели:
„Целото семејство ќе биде присутно на првото рочиште, така да сигурно ќе се сретнеме. Искрено, колку и да мислите дека сте подготвени и знаете што да очекувате, некогаш може да погрешите. Не знам како ќе се чувствувам кога првпат ќе се сретнеме. Знам дека директно нема да му се обратам, ќе го зачувам своето достоинство“ вели Гордана.
За потсетување, Шабан почина во февруари претходната година во сообраќајна несреќа кога се враќаше од Германија.