Радио Милева пречувство

Исповед на пријателот на Шабан Шаулиќ по три години од смртта на пејачот: „Пречувствуваше дека нешто ќе му се случи, ми кажа – „Ќе ме најдете на пат“

Исповед на пријателот на Шабан Шаулиќ по три години од смртта на пејачот: „Пречувствуваше дека нешто ќе му се случи, ми кажа – „Ќе ме најдете на пат“

На 17 февруари 2022 ќе се наполнат три години од срмтта на Шабан Шаулиќ кој почина во сообраќајна несреќа во Германија.

Пријателот и соработникот на Шабан, Емир Хабибовиќ за курир.рс се потсети на дружбата со легендарниот пејач.

-Многу интимни работи знаевме еден за друг, но никогаш не би ги кажал во јавност. Имав привилегија да се дружам со него. Научив многу работи, како да се однесувам со луѓето, ми даваше совети за пеење. Секогаш кога ќе пиеше ќе ми се јавеше на телефон, едвај чекав да се најдеме кај него во Крчедин или Белград. Секој понеделник или вторник, ќе не собереше нас, околу 10 луѓе, бидејќи за викенд работи, а во недела се одмара, па првите два дена беа резервирани за дружба, вели Емир.

На последната средба, Шабан пречувствувал дека нешто ќе се случи. Тој барал да му пејат тажни песни.

-Бараше да му ги пееме песните „Дошли дани тугом расплакани“, „Знаш да те душа сања“ и мојата песна „Превара“. Тој пречувствуваше дека нешто ќе се случи. Удри силно во масата и ми кажа: „Запамтите дека ќе ме најдете на пат“. Едноставно не сакаше да оди подалеку од Белград за да работи и ете гледате што се случи. Јас го сметав за втор татко. Секогаш ме советуваше да не го губам семејството. Беше многу врзан за Гоца, ништо не правеше без неа. Тие беа како една душа, тоа ви гарантирам, вели пријателот на Шабан.

За потсетување, Шабан почина во сообраќајна несреќа кога се упатил на аеродром да се врати во Белград по настап во Германија.

фото: приватна архива/ дамир дервишагиќ/инстаграм/гордана шаулиќ/

To top