Радио Милева

Исповед на поранешната сопруга на Игор Первиќ: „Криеше дека е болен, последен пат се слушнавме за Божиќ“

Исповед на поранешната сопруга на Игор Первиќ: „Криеше дека е болен, последен пат се слушнавме за Божиќ“

Српскиот актер Игор Первиќ почина на 52 години, а неговите колеги и пријатели се простуваат од актерот.

Познато е дека актерот бил во брак со Јелена Тински, дека бил во врска со актерката Јована Петровиќ.

Но, малкумина знаат дека бил во брак со авторката Јасмина Холбус за која велеше дека е нејзин спас.

фото: е сток

Јасмина била изненадена од веста за смртта на актерот, па откри дека не знаела дека е болен.

“И мене ме изненади веста дека починал. Не знам што да ви кажам, не сакам да откривам приватни детали. Не знаев дека е болен, последен пат се слушнавме за Божиќ. Најверојатно сакаше да сокрие дека е болен“ изјави Јасмина и додаде:

„Ние цел живот бевме пријатели, но навистина не знаев за се ова што се случи. Ние се разведовме во 1996 година, но останавме добри пријатели“ заклучи Јасмина.

To top