Поранешната девојка на пејачот Жељко Шашиќ, Катарина Лазиќ проговори за периодот од животот кој го поминала со пејачот, но и како Шашиќ и го „украдел автомобил“.
-Сопственикот на хартија е Жељко, но автомобилот ми беше подарен на мене. Автомобилот го возев регуларно 4, 5 години. Немав документ, верував на човекот со кој живеев 8 години. И не отидеме кај нотар за да го препише на мое име. Сите кои ме знаат мене, знаат дека е мој автомобил, и самиот Жељко потврди дека ми го подари. Законски тој не го украде туку зема она што е негово“, изјави Катарина.
Таа тврди дека немало физичко насилство туку дека поминувала низ психичко злоставување.
-Јас никогаш не изјавив дека имаше насилство. Изјавив дека доживеав психичка тортура, Тој беше многу љубоморен, можеби поради разликата во годините. Кога се запознавме, тој имаше поразличен дух, физички изгледаше поразлично.
-Не беа тоа навреди. Но, кога ќе одевме некаде, ќе ми речеше: „Што тоа си облекла?, проблемот беше во кратките здолниште, деколтето. Му бев верна. Јас сум таков тип. Многу сум лојална. Имаше ситуации кога 24 часа куќата беше полна со музичари, се пиеше. Не можев да спијам, да имам мирен живот на една нормална девојка. Не сакав ни да бидам ни домаќинка, сакав да бидам девојка вредна за почит. Бев и домаќинка кога ќе требаше. Немаше дрога. Жељко никогаш не користеше. Од моја страна, љубовта престана 2, 3 години пред раскинувањето“, вели бившата на Жељко.
фото: инстаграм/жељко шашиќ/инстаграм/катарина лазиќ