Откако Меган Маркл и принцот Хари одлучија да се повлечат од кралското семејство и да водат миран живот, прво побараа луксузна вила во Канада, но поради затворените граници сега живеат во Лос Анџелес.
Со оглед на тоа дека во целиот свет владее криза, наводно Меган и Хари не успеале да пронајдат работа, а таблодиот „Life & Style“ пишува дека тие наскоро може да останат без кров над главата.

„Се уште немаат свој стан“, вели извор близок на парот, па открија како Меган и Хари се сноаѓаат во време на криза.
„Спијат на кревети на расклопување. Височеството Хари практично е бездомник“ вели изворот и додава дека целата ситуација е уште полоша бидејќи со нив е нивниот син Арчи за кој едвај имаат пари да платат дадилка.
За да успеат да се извлечат од ситуацијата, Меган се труди да се врати на глумата.
За потсетување, Меган и Хари на почетокот на оваа година одлучија да се повлечат од кралското семејство.