Хју Хефнер почина пред три години, а по неговата смрт, многу „Плејбој зајачици“ од вилата, јавно зборуваа за сè што се случуваше зад sидовите на прочуениот дом на Хефнер.
Иако важеше за човек кој ги ужива сите придобивки од животот, тој очигледно знаеше да претера.
Една година по смртта на Хефнер, беше објавен документарец во кој „зајачиците“ јавно објаснија што навистина се случувало во вилата:
“За да ја преживеам ноќта со него, морав да бидам пијана и дрогирана. Не можев да го избегнам и тоа беше единствениот начин да го сторам тоа”, призна Кендра, кој ја напушти вилата во 2009 година.
Холи Медисон беше меѓу првите кои зборуваа за тајните на животот на плејбојот:
“Морав да изгледам фантастично и бев ужасно несреќна. Вики (друга девојка на Хеф) донесе еден куп жени во неговиот кревет и ми е јасно зошто го стори тоа – колку повеќе од нив имаше, толку помали имаше шанса да мора да има секс со него “, рече Холи.
Инаку, освен вдовицата, Кристал Хефнер, наследници на покојниот Хефнер се и неговите деца, Кристи А. Хефнер, Дејвид Хефнер, Марстон Хефнер и Купер Хефнер, на кој нивниот татко им поставил доста конкретен услов во врска со добивањето на парите.