Радио Милева
Не се штеди

Испливаа детали за сумата која Дара Бубамара ја платила за пластични операции

Испливаа детали за сумата која Дара Бубамара ја платила за пластични операции

Пејачктаа Дара Бубамара никогаш не криела дека направила естетски операции. Освен што неуморно користи фотошоп на социјалните мрежи, Дара го затегна лицето, го среди носот и секако направи силикони.

Откриена е наводната листа на пластични операции кои пејачката ги имала досега, но и „ценовникот“!

Дара пред нешто повеќе од десет години за прв пат стави силикони во градите, а како што рече неколку пати ги менуваше. Таа сега е горда сопственичка на „седмица“, а тие интервенции ја чинеле фолкерката околу 15.000 евра.

– Често менувам силикони, пред се затоа што така треба. Слушам како некои колеги ме озборуваат, но можат само да плукаат под мојот прозорец. Ги следам светските трендови, има многу повеќе лажен морал – изјави Дара за српските медиуми.

Пејачката за нова насмевка искеширала 18.000 евра.

Според сопственото признание, Бубамара неколку пати ги надополнувала усните, а тоа го правела додека била во врска со нејзиниот 20-години помладиот дечко Тони. Цената на кубик филер за усни е околу 150 евра, па се претпоставува дека Дара за усни низ годините дала околу 2.500 евра.

Дека се подмладувала сведочат и најновите фотографии на оваа фолкерка, па освен операција на носот, може да се забележи дека на лицето вбризгувала ботокс, а на јаболчниците филери.

Овие „мали“ козметички интервенции чинат околу 300 евра.

Според медиумите, Дара наводно си го намалила носот во Турција, а тоа чини меѓу 4.000 и 7.000 евра во Турција
Пејачката е позната по тоа што често ја менува фризурата.

Таа е една од првите пејачки на овие простори која долго време носи кратка коса во разни бои. Пејачката во последно време носи руса долга продолжена коса, а висококвалитетната природна екстензија чини 5 евра за прамен, што значи дека Дара може да потроши над 1000 евра за надградба.

фото:Инстаграм/Дара Бубамара принтскрин

Останати вести од Радио Милева