Радио Милева

Исплива снимка од пијаниот актер од „Игра на тронови“: Поради ова сега е на рехабилитација (видео)

Исплива снимка од пијаниот актер од „Игра на тронови“: Поради ова сега е на рехабилитација (видео)

Во светските медиуми вчера осамна веста дека актерот Кит Харингтон, кој стана планетарно популарен со улогата во хит серијата „Игра на тронови“ каде го игра Џон Сноу, е на рехабилитација во еден центар во Конектикат.

Сега пак осамна снимка од еден бар, настаната во јануари 2018 година на која се гледа дека Кит е во алкохолизирана состојба. Според пишувањето на „Дејли мејл“ на снимката се гледа како Кит во пијана состојба се обидува да се вклучи во игра, но во тоа не успева.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=42&v=UlE5vzEFOYk

Сопственикот на барот раскажува како Кит дошол од друг бар каде очигледно се напил повеќе, а потоа додал дека актерот нарачал виски за себе, но и сите присутни, како и дека бил доста фин.

Меѓутоа, кога виделе како му е, го замолиле да си замине, а двајца му помогнале во тоа. Потсетуваме, вчера светските медиуми пренесуваа дека Кит сам се пријавил на лечење по завршувањето на последната епизода од осмата сезона на „Игра на тронови“.

видео:јутјуб/принтскрин/тмз

To top