Иако Бакингемската палата ги демантираше сите пишувања, магазинот „Globe“ пишува дека кралицата Елизабета нема да живее уште долго време, а сега ја открија и нејзината наводна последна желба.
Имено, како што открил изворот, скандалот кој го потресе кралското семејство кон крајот на минатата година, во кој нејзиниот омилен син, 60-годишниот принц Ендру беше вплеткан во секс афера во која починатиот Џефри Епстајн беше осуден како сексуален предатор, му нанел голема штета на дворот.
Како што наведува анонимниот извор, последната желба на кралицата пред смртта е да му ја одземе кралската титула на својот син поради лошиот публицитет кој му го нанел на дворот.
Иако принцот Ендру своеволно се одрече од кралските должности, исто како што тоа го направија и принцот Хари и Меган Маркл, за 94-годишната кралица тоа не било доволно, па сега одлучила да ги разреши и неговите титули.
“Ендру ја изгуби репутацијата, кралската работа, платата, а наскоро ќе ја изгуби и титулата. Не може да го избегне соочувањето со законот. Ќе го добие тоа што го заслужил”, вели изворот.
Потсетуваме, кралицата Елизабета поради пандемијата со коронавирусот се повлече во својот дворец во Виндзор.