Радио Милева

Исмејувана девојка ослабе 63 килограми за една година за да го носи фустанот од соништата на матура

Исмејувана девојка ослабе 63 килограми за една година за да го носи фустанот од соништата на матура

Девојка целосно си го промени начинот на живот и изгледот поттикната од желбата да го носи фустанот од соништата на својата матура.

18-годишната Австралијка која некогаш тежела 127 кг, сега има 60 кг и се обидува да инспирира и други лица да го следат нејзиниот пример, бидејќи „секој заслужува да биде среќен“.

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

Пред две години, Џоси Десгранд тежела 127 килограми и честопати била исмејувана поради тежината, што ѝ ја намалило самодовербата. Таа се чувствувала најлошо кога ги гледала фотографиите на слабите и среќни модели на Instagram.

Еден ден, смелата девојка одлучила да преземе екстремни чекори за воспоставување подобар животен стил и добивање на фигурата која долго време ја посакувала.

„Отидов во мојата соба и се соблеков по долна облека. Си реков: ‘Нема повеќе да бидам дебелата Џоси’. Се фотографирав од различни агли, возбудена поради моето следно патување кон послаба фигура. Ги запишав моите димензии, знаејќи дека патот пред мене е долг, но сакав да ја запишувам секоја промена, независно колку е мала“ – рекла таа.

Џоси целосно го стопирала консумирањето шеќер, го намалила вносот на јаглехидрати, а го зголемила вносот на вода. Исхраната во најголема мера ѝ се состоела од зеленчуци и месо, а овошје консумирала само три парчиња неделно.

Само во првите 12 месеци од трансформацијата, Џоси намалила 63 килограми и ја постигнала својата цел да го облече фустанот од соништата за матурата.

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

„Никогаш повеќе во мојот живот не сакам да допрам чоколадо! Тоа е мојот избор. Да живеам здрав начин на живот е најдобрата одлука која некогаш сум ја направила. Со 60 килограми помалку се чувствувам неверојатно“ – вели 18-годишната девојка.

Уште од почетокот на трансформацијата, мотивираната девојка започнала да објавува фотографии од прогресот на Instagram и брзо изградила мрежа од илјадници следбеници. Тоа ја мотивирало уште повеќе.

„Луѓе од целиот свет ме следеа на моето патување, па никогаш не помислив да се откажам“ – рекла таа.

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

Џоси Десгранд

 

„Бидете посилни од вашите изговори“ – советува Џеси.

 

To top