Радио Милева

Искрените солзи на Јелена Розга: „Додека ги снимав песната и спотот мислев само на една личност“

Искрените солзи на Јелена Розга: „Додека ги снимав песната и спотот мислев само на една личност“

Песната „ Moje proleće“ која Јелена Розга првпат ја отпеа на доделувањето на MAC наградите, предизвика доста позитивни коменатри.

Емотиваната балада која ја напиша Емина Јаховиќ го пронајде патот до срцата на многу слушатели, но спотот привлече уште поголемо внимание поради солзите на хрватската пејачка.

Повеќето се запрашаа дали нејзините солзи беа искрени и што толку ја допре длабоко за да заплаче.

-Не глумев, навистина не глумев. Дури и режисерот тоа го помисли, ние работиме долги години, но не сме блиски пријатели и тој не знае што ми се случува на приватен план. Додека ја снимав песната во студио и спотот, јас мислев на една личност, но не можам да кажам, изјавува Розга во телефонското вкулување на една ТВ емисија.

To top