Радио Милева

Искрена исповед на Шерон Стоун: „Се што имав загубив, а во Холивуд бев заборавена“

Искрена исповед на Шерон Стоун: „Се што имав загубив, а во Холивуд бев заборавена“

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун проговори за својата долгодишна кариера и за својот однос со Холивуд.

Шерон беше една од најпосакуваните актерки, се до 2001 година кога имаше мозочен удар.

„Ми требашеа седум години да дојдам на себе, а девет дена имав краварање во мозокот. Трпев нељубезност и дрскост од моите колешки, па и од судиите кои одлучуваа за старателството на моите деца“ вели Шерон за „Varierty“.

фото: Профимедиа

Во тој период актерката се разведе од Фил Вронстајн, а долго време не ни траеше бракот со Мајкл Гингбург.

„Во тоа време бев најбарана актерка. Се борев за старателство на децата, се обидував нормално да работам и да функционирам. Освен тоа имав нова хопотека во куќата во која живеев. Се што имав изгубив, а во Холивуд бев заборавена“ вели актерката која денес има 61 година.

Кога се потсети на тој период, се сети и на принцезата Дајана.

„Таа и јас бевме популарни и славни. Таа почина, јас имав мозочен удар“ вели Стоун.

To top