Пејачот кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, Исак Шабановиќ привлекува внимание на белградските улици, а причина за тоа е неговиот нов автомобил.
– Фиќото вози одлично. Кога е вака убаво времето, го носам на прошетка и уживаме 40 на час, се разладуваме заедно и живееме рокенрол момент. Засега не планирам да го продавам бидејќи уште ми е мерак. Можеби ќе го продадам, не затоа што ми пречи, туку затоа што сум слаб со паркирање. Фиќото мора да биде во затворена просторија, за да не се навлажни или корозира – рече Шабановиќ.
Исак неодамна откри зошто го пазарил класикот од 1976 година. Тој откри и дека размислувал помеѓу неколку модели, но се одлучил за овој.
View this post on Instagram
– Не реагираат само девојките, луѓето генерално реагираат супер добро, дури и кога ќе ме видат во него, сите се како „пази кој го вози“, но не го купив затоа. Не сакав да се фалам, тоа е нешто што го сакам. Полн сум со стрес и се, се плашам да објавам, нешто да се пофалам, да не се изјалови – искрен бил Шабановиќ.
Откако раскина со колешката Александра Младеновиќ, пејачот избегнува да зборува за својот љубовен живот, па овојпат останал таинствен на прашањето за новите случувања.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Исак Шабановиќ