Италијанскиот моден бред „Versace“ во новата кампања за главен протагонист ја има згодната манекенка Ирина Шајк.
Фотографија направена од птичја перспектива, на која Ирина Шајк во минијатурно црно бикини, препознатлива луксузна наметка на модната куќа „Versace“, го обиколи светот со молскавична брзина.
Бројни таблоиди не можат да се изначудат од одличното издание на згодната Русинка, која сè уште е една од најбараните модели во многу дизајнерски куќи.
Таа е во многу блиска врска со Донатела Версаче, наследничката на овој италијански дизајнерски бренд, па не треба да изненадува што таа повторно блескаше во нивната нова кампања.
И овој пат сексапилот беше во прв план, па со бикините Ирина носеше вртоглаво високи потпетици со дијамантски ремен околу глуждот.
Фантастични пропорции, извежбана фигура, долги нозе и убаво лице ретко кој пропушти да ги погледне, особено на фотографиите каде е гола.