По вестите за разделбата на Ирина Шајк и Бредли Купер се чекаше на рекација, а тоа прва го направи манекенката. Во екот на приказната за проблемите со актерот и режисер, Ирина го објави ова:
Познатата манекенка објави делови од кампањата за „Hugo Comte“, кои некоја врста на нејзино игнорирање на натписите за разделбата или двосмислена порака.
Многумина овој потег на Ирина го протолкуваа како нејзин начин да каже дека таа е посветена на работата и дека веќе отишла понатаму во животот. На Инсатграм доби огромна поддршка , а оние душегрижници ја прашуваат дали е тажна по раскинувањето со Купер.
Ирина која со Бредли е од 2015 година, ја има ќерката Леа де Шајк Купер, веќе се избори со еден љубовен бродолом. Овој другиот поради ќерката е комплициран, но Ирина нема да застане, туку продолжува кон она што е нејзина вистинска љубов-модата.