Ирина Шајк (33) дополнително „процвета“ откако ја прекина четиригодишната врска со актерот Бредли Купер (44), со кого ја има ќеркта Леа де Сејн (2).
Руската манекенка Шајк се уште може да одржи лекција за убавината и многу помладите колешки. Една од најубавите жени на светот и во четвртата деценија од животот изгледа фантастично, а тоа го покажува на социјалните мрежи, каде нема проблем да се разголи.
Се разбира, кога се разголва тоа го наплаќа, а со години верного рекламирала добро познат бренд за долна облека чие заштитно лице е.
Овој пат, таа е во црвена долна облека, гушната со мечето, а неколкумина се запрашаа дали тоа е подарок од потенцијален новиот партнер.
Сè уште не е познато во чија прегратка Ирина се загрева оваа зима, а се чини дека непознатиот маж во чие друштво е во последните неколку недели, всушност бил нејзиниот телохранител.
Нејзиниот поранешен партнер , актерот Бредли Купер, откако раскинаа не е виден во друштво на нова девојка, а крајот на нивната љубов наводно беше поради Лејди Гага кога се зближија за време на снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“.