Иако неодамна ја раскина врската со Бредли Купер, Ирина Шајк има причина за славење, односно ја прогласија за најдобар модел на бикини во светот, пренесува „The Sun“.
„Инстаграм е инспирација за бикини за жените ова лето. Поради тоа моделите многу заработуваат промовирајќи ги бикините“ изјави Емили, директорката на „Bluebelle“.
Ирина по една објава на „Инстаграм“ каде што ги промовира Луј Витон и Хунза Г, заработува по 60 000 фунти.
Многумина девојки ја нарекуваат најубава жена на светот.
„Не држам диети. Сакам да уживам во животот. Секојпат кога ќе отидам во Италија или Шпанија ми годат специјалитетите на тие држави. Се е до рамнотежата меѓу вежбањето и јадењето“ објасни Ирина.
фото: инстаграм