Манекенката Ирина Шаик е позната по своите трансформации. Сега се претстави во едно тотално ново издание на кое ретко кој може да поверува дека е нејзин избор.
Ирина допатува во Милано за да погледне неколку колекции за мажи. Згодната манекенка одбра сексапилно сако под некое не носеше ништо.
Сепак, многумина беа шокирани од нејзината фризура.
Таа се појави со кратка коса и шишки, имиџ од кој е речиси непрепознатлива.