Радио Милева романтика и журка

Ирена Вељовска ужива на море во Албанија како да е жена на султанот: Секси чочек, мини стриптиз, па сосе алишта во базенот (ФОТО)

Ирена Вељовска ужива на море во Албанија како да е жена на султанот: Секси чочек, мини стриптиз, па сосе алишта во базенот (ФОТО)

Македонската фолкерка Ирена Вељовска ништо не може да ја спречи да го живее животот… И тоа по свое. Ниту здравствените опасности или економската немаштија и немањето тезги заради познатата корона пандемија, не и застанаа на патот, летото да го помине онака како што сака.

Во ситуација кога границите се затворени Ирена најде начин како и каде да замине на море, па за летна дестинација ја одбра Албанија.

Секојдневно споделените фотографии и видеа на социјалните мрежи покажуваат дека пејачката ужива „за сите пари“ во Дерми, заборавајќи и на короната и на сите други проблеми.

„Толку е релаксирано, толку луѓето се опуштени, нема протоколи, за нив не постои зборот корона. Сам се чуваш. За морето немам што да кажам. Уживам навистина во морска храна, коктели и секако овошје и зеленчук, не сакав да си ја прекршам диетата“ – изјави фолкерката за порталот ММС.

Ирена кажа дека „сама се чува“, но пејачката покажа дека и сама умее да се забавува… До душа, како што вели: „не е имуна на грев“, но засега ужива сама во летната морска романтика. Дење соблечена крај хотелскиот базен или неговата плажа, а ноќе…

Чаша-две добро вино, малку музика за опуштање и ноќната романтика по старата добра практика, Ирена ја замени со луда журка, овој пат крај базенот. А таму, распена и разиграна, македонската фолк грација во соло акција…

А кога Ирена ќе тргне во акција, тоа не завршува без атракција. Така и овој пат, најпрвин журката започна со секси чочек и стомачни танци, за потоа фолкерката да ги фрли штиклите, па по мини-стриптизот сосе алишта заврши во базенот.

На непланирано ноќно капење или само „ладење“ на вжештената атмосфера – одговорот го знае само Ирена!?

Или можеби утрото е попаметно од ноќта, па утинските фото – пози  најдобро зборуваат „како се вози“ ноќта, кога ќе ти дојде… желба за забава, опуштање и гушкање со чаршафите во хотелската постела.

Или жешките кадри снимени од перспектива на плафонот, кажуваат дека сепак имало „кој да ја вози“… камерата на дронот?

Фото: Инстаграм принтскрин/irenaveljovska

To top