Радио Милева другата во мене

Ирена Спасовска во карантин се занимава со… себе: Седи дома и сликај се… гола! (ФОТО)

Ирена Спасовска во карантин се занимава со… себе: Седи дома и сликај се… гола! (ФОТО)

На сите нас карантинот и изолацијата тешко ни паѓаат. Кому повеќе, кому помалку,  но штом дошло – ќе се трга. Мора да се издржи иако сме на крајот на трпението, кое во име на здравјето ќе не доведе да го изгубиме умот ако ова потрае, ама…

Една од оние на кои седењето дома и е преку глава е и фолкерката Ирена Спасовска. Особено зашто по „разидувањето“ со бившиот партнер, беше навикната да шета по светот. Од европските метрополи, до егзотични дестинации на море. Сега на фолкерката покрај заработувачката и се скрати и тоа задоволство, па мора да седи дома.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/irena-spasovska-dozivuva-treta-mladost-arapska-vecher-a-pod-shator-i-prirodno-bujni-balkanski-gradi-na-plaza-foto/

А дома, што и да правиш не се доседува, па за да разбие монотонија Ирена реши малку да се позанимава со… себе си! И тоа со помош на фотокамерата од мобилниот!

Со заштитна маска на лице, разголена со порака: „Седи дома и сликај се“!  Скокотлива поза, за уште поскокотлива дилема: Вака раскомотена меѓу врати и ѕидови, фолкерката е сама или…? Три запалени свеќи за вечерна романтика и две чаши со црвено вино, не оддаваат впечаток дека фолкерката е баш сама по дома?!

Но, Ирена умее да извлече поуки од минатото, па кога е „очи в очи“ со некого знае кому треба, а кому не треба да му верува…!

Впрочем, животот го живее по свое, во знак на потврда на она што го прави, а не на колебање или поточно во знак на извичник, а не на прашалник!?

Сфатила дека за  среќа треба само добро здравје и слаба меморија. Па и да погрешиш…

Грешката чесно ќе си ја платиш… А таа не само што ги плаќа, туку остава дури и бакшиш!

Затоа и не се занимава со другите, освен со себе… Зашто, „додека полошите се занимаваат со подобрите, подобрите се занимаваат со себе…“ – вели фолкерката.

Затоа и е подобра. Особено кога се слика  во вакво провокативно секси издание! Тогаш е најдобра… Затоа и предизвикува многумина да се позанимаваат со неа! Или со другата во неа?

 

 

 

 

 

To top