Таа е една од македонските фолкерки што во континуитет се најдолго на естрадата. Од машко-женскиот инструментално-во9кален квартет со Алачки, преку дуото со бившиот сопруг, па се до сопствената соло кариера…

Во меѓувреме се разведе, па влезе во љубовна врска со естрадниот новинар и водител на МТВ Орце гелевски, со кого по 13 години заеднички живот годинава се разделија. Иако 13 години живееја под ист покрив, сепак не ставија потпис и никогаш не стапија во брак. Во меѓувреме Ирена сио ја бркаше својата естрадна кариера, но се чини дека последнава година како да реши да сврти нов лист во животот. И во приватниот, ама и во професионалниот.

Повеќе онаа „старата“ Ирена со тапирана и лакирана фризура, закопчана до грло, со вишок килограми… нема да ја видите. едноставно ја нема!

Новата Ирена Спасовска е видно ослабена, стегната, модерно облечена, со пуштена или залижана долга руса коса, чиј заштитен знак во изгледот се длабоките деколтеа… Водена од мотото: истакни го она што ти е главен адут, Ирена реши да заигра на картата – сексапил, па своите телесни атрибути се почесто ги истакнува во прв план.

Бујните гради и еротските предизвикувачки пози, се разбира покрај новите, поинакви и помодерни песни се новиата одлика, новиот трејдмарк на Ирена Спасовска.

А кога се новогодишните и божиќните празници во прашање, пејачите, особено фолкерите во тој период имаат најмногу работа… или што би рекле, предновогодишни тезги.

А, за нив е потребен и добар маркетинг, па Ирена застана пред објективот на нашиот познат уметнички фотограф и режисер Дарио Јанковиќ за да позира како секси Баба Мразица.

Во соодветна гардероба, легната на стомак на црвено ќебенце и црвено перниче…

…со шампањското в раце и две чаши го чека својот нов Дедо Мраз…

…А, тој секогаш доаѓа да ја исполни… посакуваната желба!