Радио Милева вкусот на фолк традицијата?

Ирена Спасовска „го украде“ рецетот за лебот на мама, а на добар пат е да и го „земе лебот“ и на фолк колешката од бившото дуо-трио Алачки (ФОТО)

Ирена Спасовска „го украде“ рецетот за лебот на мама, а на добар пат е да и го „земе лебот“ и на фолк колешката од бившото дуо-трио Алачки (ФОТО)

Македонската фолкерка Ирена Спасовска е повеќе од три децении на фолк сцената, која заради познатите околности со корона пандемијата е ставена „во мирување“. И додека со настапите е на „принуден одмор“, Ирена се труди да не се залежи, зашто многу добро знае дека кога ништо не правиш, најчесто јадеш, грицкаш, потпивнуваш… а килограмите бргу се таложат. Потоа, оди да те видам, стопи ги?!

Затоа пејачката се обидува да води здрав живот и заради здравјето и заради изгледот. Вежбањето и теретаната веќе знаеме дека оддамна ги практикува. Впрочем секси фотосесите и разголувањето не одат без вежбањето, нешто што Ирена во отсуство на настапи почна често да го практикува. Впрочем, како поинаку да се биде активна и коментирана, ако не на социјалните мрежи?

Ама на фотосесија не можеш да се појавиш со „300 кила“, та колку убава и да била, нели? Затоа Ирена не само што вежба и спортува и тренира туку многу внимава и што јаде, што пие, што конзумира… Цедено сокче, смути, тути-фрути…

Или понекое „благце“ , чоколадно ама диетално, со стевиа, токму такво какво што сака, а потоа да нема мака и да не и држат теории дека претерала со вишокот калории.

А кога ќе тргнеш по тој пат, прво патот те води во ресторан за здрава храна, но полека, полека почнуваш да се интересираш како некои работи се готват или приготвуваат, па со текот на времето стануваш и самиот кулинарски експерт.

Така, најновото нешто што Ирена научи да го подготви, можеби наизглед не е којзнае што, ама е многу вкусно. Лепче од цели пченични зрна и хумус со најразлични вкусови. Многу вкусно и здраво… Епа, браво!

Намачкај си касни си, лапни – голтни… Ем брзо се приготвува, ем не е некоја инвестиција, а рецептот има семејна традиција. Наречен е лебот на мама… Затоа русокосота фолк дама и најмногу го преферира, а и на социјалните мрежи го рекламира. А кој знае, како тргнало со естрадата, можеби новиот занает ќе и затреба, па ќе добиеме нова метаморфоза – уште една фолк пејачка да стане готвачка.

Впрочем, Ирена Спасовска веќе „го украде“ рецетот за лебот на мама, а на добар пат е да и го „земе лебот“ и на колешката Адријана, од бившото дуо-трио Алачки, во кое некогаш членуваа двете фолк пејачки…

Па „вкусот на традицијата“ да остане во фолк фамилијата… Некогашна, до душа!

 

Фото: Инстаграм принтскрин/spasovska.irena/@karolina.di.photographer/јутјуб

 

 

To top