Откако по втор пат се разведе или поточно се разиде, завршувајќи ја долгогодишната врска со уредникот, новинар и ТВ водител на МТВ, Орце Гелевски, фолкерката Ирена Спасовска ја доживува својата трета младост иако е далеку од третото доба!
Го смени имиџот, па по теркот на музиките ѕвезди од соседството, Ирена јавноста може да ја види како на себе има се помалку парчиња облека, а се повеќе гола кожа. Патем, по некоја тетоважа и живот на висока нога, по елитните ресорти на далечните егзотични дестинации… Зимоска Малта, Виена, Венеција, Милано…
…Летово Катар – Доха, Египет – Хургада…
Фолкерката ужива во животот и сопствената слобода со полни гради, користејќи го секој слободен миг за одмор, релаксација, авантура…
Од арапска вечер(а) под шатор, јавање камила и прошетка од брегот до пустината и назад…
…Па се до опуштање со коктели, сончање и капење во базенот или на блиската плажа…
А таму, македонската фолкерка доминантна со своите природно бујни гради балкански…
Впрочем, Ирена ви порачува воопшто да не ја мислите… Топ и е… Кулира!
Откако остана повторно слободна или кариерата и тргна во ептен нагорна линија, па заработката е таква што може да си дозволи луксуз на висока нога или…
…Нашата русокоса, бујна фолкерка ја има бендисано некој шеик!