Радио Милева духовит и секси

Интернетот гори: Осамна снимка од Дејвид Бекам додека разголен се снима и се шминка, а Викторија не остана имуна на ова (видео)

Интернетот гори: Осамна снимка од Дејвид Бекам додека разголен се снима и се шминка, а Викторија не остана имуна на ова (видео)

Пензионираниот британски фудбалер Дејвид Бекам реши да се пошегува на сметка на својата сопруга Викторија, па сними урнебесно видео и го сподели на нејзиниот профил на TikTok.

Дејвид, кој оваа година наполни 48 години, се снимал себеси без кошула со крпа околу половината додека споделувал совети за шминкање, исто како што прави Викторија во нејзините видеа што ги споделува со своите следбеници.

Видеото се појави на официјалниот профил на TikTok на неговата сакана Викторија и предизвика лавина од коментари.

– Така, кога користам малку од ова, жена ми ми вели дека ова е најдоброто осветлување за снимање. Ќе се согласам со неа, но навистина не знам за што зборувам. Сакам да ја хидрирам кожата и да се грижам за неа, а очигледно ова е најдобриот начин да го направам тоа според советите на Викторија Бекам – рекол меѓу другото Дејвид во видеото.

@victoriabeckham Mr Beckham’s very own #VictoriaBeckhamBeauty ♬ original sound – Victoria Beckham

– „Блендај како Бекам“, „Упатството за кое не знаевме дека ни треба“, „Каква легенда“ – коментираат неговите обожаватели.

Дејвид неодамна го прослави роденденот, а Викторија му честиташе со секси фотографија од себе.

– Нема на што- напиша Викторија со фотографија на која Бекам позира само во бели гаќички и целосно мокар, а сцената предизвика бурни реакции на социјалната мрежа.

фото:Инстаграм принскрин/Tanjug/AP

 

To top