Радио Милева

Интензивни третмани пред Евровизија: Се породи пред три месеци, а сега голото стомаче на Тамара е рамно како даска (фото)

Интензивни третмани пред Евровизија: Се породи пред три месеци, а сега голото стомаче на Тамара е рамно како даска (фото)

Тамара Тодевска во Тел Авив ќе настапи на 16-ти мај на Евровизија во втората полуфинална вечер со песната „Proud“, која е  авторско дело на тимот што како потписници на музиката го сочинуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров.

Дотогаш преостанува нешто повеќе од еден месец, а Тамара интензивно работи на себе пред да застане на евровизиската сцена. Со оглед на тоа дека се породи пред три месеси, таа работи на враќање на линијта, што очигледно добро и оди.

фото:тамаратодевска/инстаграм/принтскрин

Тодевска се почесто е на третмани во салони за разубавување, а деновиве применува такви за намалување на пределот кај стомакот и затегнување на кожата на вратот и образите.

фото:тамаратодевска/инстаграм/принтскрин

Фотографиите од третманите каде е легната и покриена со крпа, ги објави на својот инстаграм профил, а како дополнување напиша што точно се прави на неа.

фото:тамаратодевска/инстаграм/принтскрин

Инаку, неодамна Тамара за првпат го посети Тел Авив каде што беше снимена разгледницата на Македонија, која ќе биде пуштена пред нејзината изведба на „Proud“.

To top