Радио Милева неповратна штета...

Инфлуенсерката несакајќи направи глупост: Миа Костова по грешка си го избриша профилот… за среќа, не оној на Инстаграм (ВИДЕО)

Инфлуенсерката несакајќи направи глупост: Миа Костова по грешка си го избриша профилот… за среќа, не оној на Инстаграм (ВИДЕО)

Миа Костова е несомнено една од најпознатите, ако не и најпозната македонска инфлуенсерка во момемнтов. Бившата ТВ водителка сега успешноопстојува на социјалните мрежи каде своите профили ги користи за различни намени.

Фејсбукот и е најчесто за јавно и отворено да си каже се’ што и лежи на срце, „без влакна на јазикот“ критикувајќи ги неправилностите и аномалиите во ова наше криминално и корумпирано општество. И тоа онака брутално, како што само таа знае и умее „да им го плесне влице“ на оние кои ќе ја извадат „од папучи“.

Инстаграмот и е за оние, таканаречени фини нешта… Фотографии од секојдневието, патувањата, поубавата страна на животот и секако за инфлуенсерство. реклами и кампањи, споделување производи и услуги за различни клиенти од кои може пристојно да се заработи.

А ТикТок-от… Е од него веќе нема ништо. Толку беше… „Папала маца“. Зашто една мала несмотреност, едно заглавување на апликацијата која инфлуенсерката проба да ја (п)оправи придонесе истата „ѓаволот да ја однесе“…. Да исчезне! Миа несакајќи направи глупост и по грешека си го избриша ТикТок профилот, чии основачи немаа милост да и го вратат. Не барем засега, иако русокосата се’ живо проба.

Се обиде и со советите на следбениците нешто да направи, арно ама – ништо… Не вреди! Затао Миа им се обрати и ги замоли повеќе да ни праќаат совети оти толку беше, од својот стар ТикТок профил инфлуенсерката се прости! Нов не може да отвори од кој знае кои причини, па така Миа Костова преку ноќ остана без својот ТикТок!

Фото и видео: Инстаграм/miandrija

To top