Радио Милева

Ина МногуФина на социјалните мрежи ја прокоментира Елена Ристеска

Ина МногуФина на социјалните мрежи ја прокоментира Елена Ристеска

На социјалните мрежи Ина МногуФина често знае да ги прокоментира случувањата од јавен карактер.

Ина на интересен, хумористичен начин знае да го каже своето мислење од светот на политиката, естрадата, јавните случувања кај нас, па и во регионот. Овој пат ја прокоментира пејачката Елена Ристеска.

Деновиве Ристеска прослави 100 000 следбеници на „Инстаграм“, а по тој повод нејзините пријатели и приредија специјално изненадување во еден скопски ресторан, каде масата беше декорирана со балони кои ја симболизираат бројката на нејзините следбеници.

 

View this post on Instagram

 

??? 100.000 органик (неплатени) следбеници!!! Ви благодарам на сите 100к до еден, што сте дел од мене виртуелно. Неможете да ја замислите мојата среќа дека имам реални поддржувачи и обожаватели, па макар и да има меѓу вас сеирџии :)повтoрно ќе кажам ФАЛА за интересот за мене кој достигнува во просек неделно 1.200.000 (impressions). По повод 100.000тиот следбеник цела наредна недела ќе биде недела на ВРЕДНИ НАГРАДИ или популарно кажано #GIVEAWAY week од моите соработници : @crosiglife #nissan @cadcam_filipovi @danielnikolovskiofficial1 @milakadriu @equilibriumrestaurantbar @millenium.kitchenbar и комплет брендирани предмети со натпис Елена Ристеска и фотки, цд-иња…Плус подароци од @caribbeanbody.co 😉 ❤️ #100kfollowers

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on


„Она кога имаш среќа и подарок од Господ да имаш совршени другари и блиски луѓе. Кои наоѓаат повод да те направат најсреќна на свет и да те изненадат. Во случајов по повод 101.000 следбеници успејаа да не ги “провалам” дека нешто подготвувале.. #малитеработи го прават животот убав’ напиша Елена на социјалните мрежи.

По тој повод, Ина МногуФина се огласи, па на својот Фејсбук напиша:

„Дали озбилно Елена славела 100 000 следачи во р е с т о р а н и уште изјави дека била изненадена не знаела шо и спремаат? Па праење прослава за следачи е подебилно и од пола роденден со пола торта!“


За потсетување, деновиве Елена ја издаде песната „Срца се погреше“ која е во дует со Даниела Кариќ.

Останати вести од Радио Милева