Младата српска музичка везда и ќерка на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, ја израдува својата публика со новата песна „Хероина“ што ја снимила минатата година.
Последниве денови можеше да се слушнат гласини дека протече дел од песната, а Анастасија не сакаше публиката да ја слушне недовршената верзија, па реши да ја објави со „лирикс“ видео.
„Од досега необјаснети околности, недовршената верзија на песната „Хероина“ која требаше да се појави на мојот прв албум излезе во етерот пред да сакам да ја претставам на публиката“ напиша на Инстаграм.
Македонската твитерџика Ина МногуФина на социјалните мрежи ја прокоментира новата песна на Ражнатовиќ.