Заврши 91 издание на „Оскарите“, а главна тема во светските медиуми и регионот е настапот на Лејди Гага и Бредли Купер.
Гага доби „Оскар“ за најдобра песна, а додека на сцената беа таа и Бредли Купер, корисниците на социјалните мрежи имаа многу коментари на сметка на нивното појавување.
Еден дури гласеше дека е подобро да си „најдат соба“, бидејќи за малку не се бакнаа на сцената. Сето ова од публиката го гледаше и моделот Ирина Шајк која со Бредли има ќерка.
Нивниот настап предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи и дека меѓу парот има љубов.
По сите пишувања во медиумите, на „Инстаграм“ се огласи и самата Лејди Гага која напиша:
-Не можев да посакам ништо повеќе, туку да го споделам овој момент од доделувањето на Оскар со вистинскиот пријател, уметник и генијалец, му поласка Гага на Купер.
View this post on Instagram
И Ина МногуФина не остана должна, па на социјалните мрежи го прокоментира овој настап.
За потсетување, неодамна Лејди Гага ја раскина свршувачката наводно поради Бредли Купер.