Селма Бајрами призна дека со естетска операција ги зголемила градите и усните.
За жал, градите и усните ги правев со естетски интервенции“, изјави Селма во емисијата „Претрес“ со водителот Стефан Ушиљанин.
На прашањето зошто ги направила, пејачката одговори со насмевка.
– Па затоа што бев будала – кажа таа и потоа продолжи:
– Градите првпат ги направив во 2003 година, втор пат во 2008 година, а трет пат ги намалив градите минатата година во јуни. Имав убави гради, но младост – лудило – вели пејачката и додава:
– Никој не ми кажа дека не треба да спијам на стомак, а потоа имав проблем каде тој имплант се свитка и потоа морав да направам втора операција, кога веќе ја имав втората операција за да ги направам малку поголеми. Потоа по породувањето имав големи гради и проблеми со ‘рбетот и решив да ги намалам, а во наредниот период сакам да ги вадам и од уста – искрена беше Селма Бајрами.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Селма Бјрами