Македонска музика, хумор, забава се нешта кои недостасуваат на Македонските ТВ канали.
“Ин продукција” го реализира новото телевизиско шоу кое наскоро ќе започне со емитување на тв Алфа. Станува збор за музичко шоу во кое учество ќе земат најголемите македонски ѕвезди, Елена Велевска, Сузана Гавазова, Анета Мицевска, Стојне Николова…
Телевизиска меана во која домаќин е Жанко – З’ш, кој воедно е задолжен и за хуморот во емисијата. Веќе се снимени четири епизоди, по протокол за состојбата во која моментално се наоѓаме. Емисијата освен на “Алфа” ќе се емитува и на сателитската “Ин Тв” и “Фолк клуб”.