Слоба Радановиќ и Јелена по свадбата се вселиле во вила од 809 квадрати.
Неодамна, познатиот пејач купил вила од пола милион евра во која младите сопружници се вселиле два дена по венчавката.
Радановиќ заштедата од настапите ја вложил во недвижности, а со Јелена се договорил романтичното патување да го остави за другпат.
-На Јелена и Слоба моментално не им е преоритет да патуваат, важно им е да имаат дом. Тој со години собираше пари и сонуваше да си купи куќа. Тоа конечно се исполни, а последните пари ги даде да ја уреди куќата по негов вкус, вели извор и додава дека новата куќа на Слоба иако однадвор не делува посебно, одвнатре е многу луксузна.
-Има дури 809 квадрати. Има голема дневна соба, четири спални соби, две бањи и двор со голем базен. Во куќата има и теретана.
Парот не се откажал од заедничкото патување, само го одложиле.
-По две – три тезги, кога ќе собере малку пари, Слоба ќе ја однесе Јелена на море. Не одлучија каде ќе одат, но сигурно ќе биде некоја егзотична дестинација. Моментално уживаат во новата вила и ништо друго не им е важно, вели изворот.
Радановиќ има и познати соседи, а еден од нив е пејачот Мирослав Илиќ.
фото: Курир.рс/З.Ш/инстаграм/slobaradanovic/информер