Поранешната македонска водителка Миа Костова денес важи за една од најпознатите инфлуенсерки на социјалните мрежи.
Она што ја прави Миа поразлична од другите кои по оналјн платформите промовираат гардероба, накит, храна, модни парчиња, туристички агенции или од се по нешто, е тоа што Костова нема влакна на јазикот, па често знае да си го изнесе својот став и своето мислење.
За нејзините следбеници, таа секогаш е отворена, да сподели што има ново, да сподели приватни моменти, да открие ако има нови приватни планови…
Таа на „Инстаграм“ редовно промовира модни парчиња, накит, козметика, часовници, а многу и често кога ќе рекламира некое парче, тоа по брзо време и продадено.
Неодамна, водителката заедно со синот и Тијана се преселија во нов стан, а како што истакна тоа го направила поради работните обврски, но и поради училиштето на нејзиниот син Андреја.
Костова, освен што е активна на „Инстаграм“, беше активна и на „Јутуб“, па редовно објавуваше и видеа. Меѓутоа, направи пауза и сега по подолго време се врати и сними видео во кое покажа како изгледа нејзиниот гардеробер.
Имено, инфлуенсерката на своите следбеници им ги отвори вратите од својот плакар и ги покажа какви модни парчиња има.
Палта, сакао, кошули фустани… се само дел од парчињата кои ги има Миа.
Таа и откри дека има облека која не сака да ја фрли бидејќи е подарок од нејзината мајка и баба.
Костова покажа и модни парчиња кои се стари по 30, 40 години и повеќе не може да се најдат, но во комбинација изгледаат модерно и во тренд.
Исто така, таа и покажа и какви капути и јакни има за зимските денови.
На крајот, Костова порача дека не треба да имате многу пари туку да знаете да ја комбинирате облеката.
Ѕирнете во гардероберот на Миа во видеото подолу.
фото: инстаграм/миа костова/миаандрија/јутуб/миа костова