Лука Лазукиќ пред бремената Наташа Беквалац се фалел дека пред бракот бил во врска со водителката Нина Шеничер.
Според пишувањата, во друштвото, во кое била и Ната, Лука се фалел дека девојките му паѓале под нозе и дека може да ја има која и да ја посака.
-Пред еден настап на Наташа, Лука почна да се фали со своите „трофеи“. Испи неколку виски, па му се одврза јазикот. Зборуваше како спиел со најубавите жени во градот. И тоа пред бремената жена. На Наташа не и беше пријатно, но тој не се замараше, вели близок извор.
фото: Пулсолајн