Се уште не стивнува фамата за настапот на Лејди Гага и Бредли Купер на Оскарите, а сега се огласи и поранешната сопруга на актерот, Џенифер Еспозито. Таа на својот Инстаграм напиша интересен коментар на објавата на профилот на комичарот Дејвид Спејд, кој се пошегува по повод актуелната тема.
-Има ли шанса овие двајца да немале секс, напиша комичарот за фотографијата на Гага и Купер, додека Џенифер едноставно напиша „ха ха“. Џенифер во своите мемоари „Jennifer’s Way“ кои ги објави во 2015 година, бредли го нарече манипулатор и иако директо не го именуваше, на сите им беше јасно на кого се однесува.
-Беше забавен, паметен, провокативен, арогантен и вешт манипулатор. Не го сметав за особено привлечен, но сватив дека уживам во неговиот хумор и глупостите. Се забавувавме, но тој ја имаше и таа злобна и ладна страна. Неговата личност се менува од еден момент, открива Џенифер .
Таа и Бредли беа во брак од 2006 до 2007 година.