Пејачот Бане Мојиќевиќ претходната година објави дека се разведува од сопругата, а сега откри дали има нова девојка.
Тој не се појавува често во јавност, а во 2020 година стави крај на бракот со сопругата Милица.
Пејачот сега откри во какви се односи, дали има девојка и дали се гледа со децата.
-Јас немам девојка. Како времето поминува девојките ми изгледаат многу поопуштени од мажите. Ми пристигнуваат експилицтни пораки со разни содржини…Со колегите не разменувам такви приказни, повеќе зборуваме за патувања, вели Бане и проговори за децата.
-Тие се непресушен извор на инспирација, нон – стоп некои шеги со нив, нови приказни, нови прашања, често пееме, тие ми ги пуштаат своите омилени песни, ја своите.Од тие ситуации добивам позитивна енергија, вели Бане.
Тоа во една прилика истакна дека разводот е негов најголем неуспех, а и сега го мисли истото.
-Тоа е зад мене, дефинитивно е еден од најголемите неуспеси во мојот живот, но се свртев кон некои повредни работи и гледам напред. Минатото го оставив таму каде што треба да биде. Гледам од секоја ситуација да го извлечем најдоброто, изјави Мојиќевиќ.
фото: инстаграм/бане мојиќевиќ/принтскрин/курир тв