Популарниот пар Зорица Брунцлиќ и Кемиш добиле понуда која не се одбива.
Имено, со нив се преговара да влезат во реалното шоу „Задруга 2“, а за тоа им понудиле 100 000 евра.
Како што е познато, Зорица учествуваше во „Фарма“, но без сопругот. Познато е дека таа и Кемиш ретко се разделуваат, па нема да биде изненадувачко ако заедно влезат во реалното шоу.
„Покрај тоа што им понудија пари, ќе имаат и други привилегии. Поради договорот не е добро такви работи да се изнесуваат во јавност, но штом Зорица изјави дека сериозно ќе размисли за влегување, сигурно станува збор за фантастична понуда. Кемиш исто така размислува да влезе, мислам дека 80% ќе прифати, само да ги заврши сите работни обврски, изјави близок извор за Курир.