Радио Милева латино ѕвезди?

Им нудат огромна сума на пари: Телевиса Пресента ги бара „Хурикејн“ да глумат во мексиканска твновела?

Им нудат огромна сума на пари: Телевиса Пресента ги бара „Хурикејн“ да глумат во мексиканска твновела?

Девојките од „Хурикејн“ добиле нова понуда за работа, пишуваат српските медиуми.

По вестите дека цената на српските претставнички на Евровизија се зголемила на 10 000 евра, сега се пишува дека „Ураганки“ добиле понуда да глумат во шпанска твновела.

фото: тањуг/ап пхото/ петар дејонг

„Менаџерот на Ивана, Сања и Ксенија доби мејл во кој им нудат соработка. Прво помисли дека некој се шегува со нив, но кога се јави на контактот сфати дека понудата е сериозна. Продуцентите од Телевиса го запаметиле настапот на „Хурикејн“ на Евровизија. Бидејќи латино американските твновели не се веќе толку популарни на Балканот, тие се надеваат дека со учеството на „Хурикејн“ повторно ќе станат акутелни на нашите простори“,  вели извор близок на пејачките.

Соговорникот вели дека на девојките им понудиле одлични услови за работа.

„По Евровизија, Ивана, Ксенија и Сања ја кренаа цената на настапот. Некогаш настапуваа за 3,4 илјади евра, а сега бараат 10 000 евра. Затоа нивниот менаџер им кажа дека имаа големи финасиски барања. Од Телевиса велат дека тоа воопшто не е проблем и дека се подготвени да платат само девојките да играат во серија. Тие се сигурни дека на тој начин ќе продадат неколку проекти во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, но и во Бугарија, Албанија. Со оглед на тоа што пораснале со твновели, девојките од „Хурикејн“ многу се израдуваа на оваа понуда“.

фото: тањуг/ап пхото/ петар дејонг

Пејачките се уште не се огласија по повод овие пишувања.

To top