Радио Милева
некој краде, некој „дупло“ плаќа...

Илјадници добија „напумпани“ сметки за струја: Миа Костова сликовито опиша како изгледа еден месец никој да не живее во домот, а да ти дојде сметка „до плафонот“! (ФОТО)

Илјадници добија „напумпани“ сметки за струја: Миа Костова сликовито опиша како изгледа еден месец никој да не живее во домот, а да ти дојде сметка „до плафонот“! (ФОТО)

Новите сметки за парно и електрична енергија ги „пеплосаа“ граѓаните. Многумина добија „електрошок“ кога им беше испорачана новата фактура од ЕВН, како „честитка“ за стартот на новата зимска сезона која е на прагот.

Сметките двојно па и повеќе повиски, а многумина од граѓаните ниту дома не биле по две недели,  по еден месец, па и повеќе за време на летото, зашто многумина престојуваат во своите викендички некаде на село, езеро или во природа, во шаторите или приколките по камповите каде седат по цело лето или едноставно биле некаде подолго на годишен одмор… Што значи дома освен фрижидерот, а некаде ниту тој, ништо друго не работело… Ниту еден електричен уред не бил приклучан на напојување, светилките угаснати… Тогаш се поставува прашањето од каде, по која логика сметките да им бидат двојно, па и тројно повисоки?

Такви примери има многу, како што има и многумина од оние на кои „услугата“ за пренос и дистрибуција на електричната енергија им е наплатена поскапо отколку самата потрошена струја!? Парадокс или смислена манипулација, ќе треба да докаже фирмата што ја има лиценцата, а доказите ги имаат граѓаните во вид на „напиумпаните“ фактури кои ги „здрмаа“ како да се фатиле за фаза на гола жица!

До која фаза на непрепознавање  оди „суштината на измамата“ покажуваат примерите на граѓаните, меѓу кои и многу од познатите. Вчера Емилија Розман, денес Миа Костова, уште една од оние познатите, која нема проблем барем вербално јавно да ги „здрма“  испорачателите на фактурите за струја.

Имено, русокосата екс-водителка и инфлуенсерка добила сметка за потрошена електрична енергија која навидум е ништо во однос на некои други, ама парадоксот е во тоа што ништо и не потрошила, ниту еден, единствен ват (W),  зашто цел месец станот бил заклучен, сите уреди исклучени и  извадени од штекер, сијалиците изгаснати, целосен мрак…

Ист онаков мрак каков што „и паднал на очи“  кога од ЕВН ја добила фактурата за наплата  од 1.500 денари буквално за темни одаи!!!

Коментарите налик на лавина од незадоволства од тоа што некој краде, а некој „дупло“ плаќа, предизвикаа вистинско цунами на социјалните мрежи, ама што дека, кога испорачувачите на сметките „мува не ги лази“!?

Организиран бунт, колективен протест, граѓанска непослушност со масовен бојкот и неплаќање на сметките… Или некаков правен лек во вид на тужба?

Од власта никој ништо ниту кажува ниту презема? Веројатно се’ додека на народот „не му се спојат жичките“, а блиску е,  па не избие „колективен курцшлус“, со „социјален пожар“ од такви размери во кој освен нашите џебови и владата целосно политички „ќе изгори“…. До темел!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/miandrija

Останати вести од Радио Милева