Ќерката на Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ деновиве има убав повод за славење.
Имено, Илида и нејзиниот сопруг Бојан прославија три годни брак. По тој повод таа објави заедничка фотографија на социјалните мрежи каде што Илда позира со насмевка на лицето, а нејзиниот сопруг ја бакнува во образ.
Пејачката и нејзиниот сопруг се наоѓаат на одмор во Хрватска каде што слават три години од бракот.
„Те сакам до небото и назад.Среќна годишнина, љубов моја“ напиша Илда во описот на фотографијата.
Илда и Бојан се венчаа во 2016 година, а пејачката на свет ја донесе ќерката Ема која на 21 септември ќе наполни три години.